1МФЛ: Хет-трик на Јашаровски против Вардар, Шкендија го совлада Тиквеш

фото: F.C Voska Sport

Се одиграа пет натпревари од третото коло во Првата македонска фудбалска лига, Воска Спорт како домаќин го совлада Вардар со 3:2. Сите голови за Воска Спорт ги реализираше Јашаровски во 27, 32 и 48 минута, а за скопските „црвено-црни“ стрелаа Глишиќ во 83 и Жоглев во 92 минута.

Работнички благодарение на погодокот на Велкоски во 21 минута триумфираше над Македонија ЃП (1:0). Шкупи водеше со погодокот на Пинтер (45+1`) против Силекс, а клубот од Кратово ги постави конечните 1:1 во 77 минута преку Ѓорѓиоски.

Брегалница го надигра Гостивар со 2:1, штипските „сини“ стекнаа предност по 10 минута игра со голот на Венегас од пенал. За 2:0 во 78 минута се погрижи Вебстер, а Гостивар само го ублажи поразот во 90 минута кога стрелаше Селмани.

Шкендија со 2:1 го надигра Тиквеш на гостински терен, тетовските „црвено-црни“ своите погодоци ги постигнаа во 24 и 37 минута преку Чинари и Елези, а Мојсов пред паузата го реализираше единствениот гол за домаќините.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со дуелот меѓу актуелниот шампион Струга Трим Лум и Брера Струмица (17.00 часот).

Табела: Тиквеш 6 бодови, Брера Струмица 6, Шкендија 6, Работнички 6, Брегалница Штип 6, Силекс 4, Шкупи 4, Струга Трим Лум 3, Македонија ЃП 3, Воска Спорт 3, Вардар 0, Гостивар 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот