„Заедно напред” – слоган на Пендаровски за шестите претседателски избори

Фото: Арбнора Мемети

Под слоганот „Заедно напред”, кандидатот на владината коалиција, Стево Пендаровски ќе ја започне кампањата за шестите претседателски избори во нашата земја.

Слоганот на кампањата за кандидатот за претседател со број 3, Пендаровски, бил договорен на работна средба на Централниот изборен штаб на СДСМ и коалицијата на која присуствувале сите министри, градоначалници и функционери на партијата.

Слоганот ја одразува суштината на Програмата на Стево Пендаровски која се темели на  заедништво, на обединување на граѓаните и на забрзан развој на земјата на патот кон НАТО и ЕУ.

На проширената средба на Централниот изборен штаб, премиерот Зоран Заев побарал ангажман од сите во партијата за одржување на кристално чисти избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот