Зоја Бузалковска: Театрите треба да застанат зад своите претстави

Режисерката Зоја Бузалковска во Москва, деновиве во театарот на Елена Камбурова, ја постави обновената претстава „Среќни патишта“ според поема на Пушкин, која прв пат ја имала својата премиера во 2006 година.

-Необично беше ова искуство, претставата се играше четири години, се одиграла 54 пати. Се работи за огромна екипа затоа што станува збор за театар за музика и поезија со прилично специфичен репертоар. Тргнувајќи од тоа дека во поемата се’ случува по течението на реката Дунав, се обидов да истражам кои песни ги пееле и обработиле тие ромски табори во државите низ кои поминува Дунав. Тоа една комплексна претстава во која се пее на многу измешани јазици. Театарот реши да ги прикаже најспешните свои претстави меѓу кои и нашата, вели Бузалковска во „Утрински брифинг„ на „Слободна ТВ“.

Таа рече дека начинот на работа на театрите во Москва и кај нас прилично се разликува.

-Прво постојат многу проверки за тоа што и ќе се постави во театрите, тоа е цел процес. Уметничкиот директор таму е значајна фигура, тоа повеќе пати се обидов да го кажам и овде. Тој има огромна улога заедно со поголем тим кој во повеќе фази го следи поставувањето на претставата. Откако таа веќе ќе се направи, претставата поминува период на соочување со советот, па пријатели на театарот и поминува цела година која е премиерна, додека не дојдат првите критичари, тоа е така затоа што претставите се играат многу долго. Поентата е дека театарот мора навистина да застане зад претставата, кога тоа е така, навистина сака да ја игра и да го најде патот до вистинската публика за таа претстава, рече Бузалковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот