ЗНМ и ССНМ го осудија односот на Јакимовски кон новинарите

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски пристигна пред судот/ Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) го осудуваат денешниот непримерен и омаловажувачки однос на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски кон новинарите за време на изјавата пред Кривичниот суд.

Според ЗНМ и ССНМ, на новинарските прашања упатени до градоначалникот Јакимовски денеска пред судот, наместо да одговори на новинарските прашања поврзани со судската постапка во која тој и неколкумина се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување како претходен градоначалник на општината Карпош, Јакимовски изјави дека имал одлични менаџерски способности и дека прашањата упатени од страна на новинарите кон него биле „смешни”. Исто така тој ги обвини новинарите дека денешното присуство на медиумите и новинарите на првото рочиште било оркестрирано од страна на „еден центар”.

ЗНМ и ССНМ потсетуваат дека градоначалниците се избрани функционери платени од граѓаните и имаат обврска да негуваат професионален однос кон новинарите и медиумските работници со цел да даваат отчет за својата работа и во ниту еден случај не може да биде оправдана лична пресметка на јавни настани. ЗНМ и ССНМ ги упатуваат засегнатите политичари да имаат поголема култура во јавната комуникација и односот со медиумските работници бидејќи новинарите служат да ја информираат јавноста а не да задоволат нечии партиски очекувања.

ЗНМ и ССНМ апелираат јавните личности, избраните функционери да се воздржат од изјави кои на кој било начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности.

Јакимовски седна на обвинителна клупа

Јакимовски седна на обвинителна клупа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот