Јакимовски седна на обвинителна клупа

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски пристигна пред судот/ Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски, денеска седна на обвинителна клупа. Но, рочиштето беше одложено бидејќи, како што кажа Јакимовски, неговиот адвокат не дошол во судницата заради контакт со неговите родители кои биле заразени со коронавирус. Поради заштита од ширење на вирусот, судијата Осман Шабани одлучи да го одложи рочиштето и наложи адвокатот на Јакимовски да се тестира и да достави решение за изолација.

Јакимовски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување.  Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за Демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. „Партизански одреди“ бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација.

Потоа поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал, иако според Законот за постапување со бесправно изградени објекти бараките не можеле да бидат предмет на легализација затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација.

Покрај Јакимовски, обвинети беа и петмина службеници од Општина Карпош кои во декември лани признаа вина за бесправно градење. Бидејќи ги признаа кривичните дела уште пред да влезат во судница, тие добија услови затворски казни по 1 година, ако во наредните две години го повторат кривичното дело.

Јакимовски останува обвиненет во постапка во која половина од неговите обвинети соработници си признаа дека со своите постапки заедно со него го оштетиле буџетот за 616.000 евра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот