„Зидојче Цајтунг“: НАТО планира да прави „Вселенски центар” во базата Рамштајн во Германија

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

НАТО работи на подготовка на одбрана од опасности од вселената, а министрите за одбрана на 30 земји-членки ќе објават в четврток информација за формирање „Вселенски центар”. Како што објави германски „Зидојче цајтунг”, Центарот ќе биде основан во базата Рамштајн во Германија, каде се наоѓа главната команда на воздухопловните сили. Во иднина, сите информации за можни закани по сателитите треба да бидат собрани во Рамштајн, а подоцна е можно да се формира команден центар за одбранбени мерки, пишуваат медиумите.

Плановите на НАТО се потпираат на одлуките донесени во минатата година дека вселената треба да биде прогласена за специјален оперативен регион.

Сателитите во вселената се користат за комуникација за време на воените операции, а се користат и за шпионажа и извидување, како и системи за навигација, што значи дека евентуален напад врз нив може да ги ослаби одбранбени способности.

Покрај тоа, напад врз сателити во случај на војна може да се искористи и за блокирање на делови од секојдневниот живот.

Покрај САД, Русија, Кина и Индија неодамна дополнително ги подобрија своите можности во вселената, потсетува германскиот весник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот