„Жив и здрав сум“, напиша Сорос, по гласините дека починал

Џорџ Сорос / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Американскиот бизнисмен Џорџ Сорос се огласи на својот Твитер налог, демантирајќи ги гласините дека починал, кои од синоќа се актуелни на оваа социјална мрежа.

Гласината дека милијардерот (92) починал започна на страницата Politics For All Ireland, која во меѓувреме го отстрани контроверзниот твит. Оттогаш објавата стана вирална, но неговиот портпарол „MailOnlinе“ ја демантираше веста за смртта додека самиот Сорос се огласи на Твитер.

„Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни. Жив и здрав сум“, напиша тој.

Сорос неколку пати на интернет беше „прогласуван за мртов“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот