Жителите на Усје наскоро за првпат ќе добијат градинка

Фото: Општина Кисела Вода

Жителите на Усје, за првпат добиваат градинка, најави грaдоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој меѓу другото објасни и дека, објектот кој наскоро ќе биде ставен во функција, има капацитет за стотина дечиња, пред се од населбите Усје, Стаклара и Градинар.

-Жителите на Усје,за првпат добиваат градинка. Извршивме преадаптација на овој објект. Градежните активности овозможија можност за згрижување на 100тина деца. Во овие 350 квадратни метри сега има занимални, јасли, соба за изолација, простории за персоналот, два тоалета од кои еден е за деца со посеби потреби, а во подрумските простории ќе функционира перална. Во овој период што преостанува пред да ги отвориме вратите на оваа нова градинка, ќе се работи на уредување на дворот и обезбедување на дополнителни содржини корисни за раниот детски развој – објасни градоначалникот.

Според Ѓорѓиевски, овој проект има големо значење, пред се за дечињата од населбите Усје, Стаклара и Градинар.

– Дополнително, овој проблем го надминуваме со отворање на уште две градинки. Нова градинки ќе има и во Расадник, каде се подготвува техничка документација, а јаслите во претходно изградената градинка во Драчево веќе функционираат, додека за останатите дечиња се чека соглсност за вработување персонал од централните институции. Воедно, го проширивме капацитетот и на објектот „Синоличка“ од ЈДГ „Весели Цветови“, а во следниот период го зголемуваме капацитетот и на објекотот „Кокиче“ за 150 нови дечиња – информира Ѓорѓиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот