Женска група планинари од Делчево го искачи „Чупино Брдо”

Неколкучлена женска група планинари од Планинарскиот спортски клуб „Голак” го искачи врвот „Чупино Брдо” на 1.725 метри надморска висина. Како што информира претседателот на клубот Љупчо Чучуковски кој во улога на водич учествувал на маршот, почетна точка на маршрутата била во селото Блатец.

-Продолживме кон Герасимов Кладенец и Кладенец Легало се до врвот „Чупино брдо” на планината Плачковица. Маршот беше долг 12 километри во двата правци, а се реализираше по убаво сончево време, рече Чучуковски.

Висинската разлика на маршот изнесувала 1.015 метри надморска висина.

-Ова беше средно тешка планинарска тура за која треба добра кондиција, а имајки предвид дека учесничките беа жени, мора да ги пофалам, бидејки беа одлично подготвени. Овој врв е многу важен за нас, зашто влегува во планинарската патека која ја маркиравме минатата година, а која почнува од Делчево, поминува преку целата планина Голак, низ планината Плачковица и завршува кај селото Градец, додаде Чучуковски.

По обележувањето со патокази, патеката минатата година го доби статусот на прва Национална патека во Брегалничкиот регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот