Жената која го обвини Снуп Дог за сексуален напад ја повлече тужбата

снуп дог
Снуп Дог / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Неименуваната жена која го обвини американскиот рапер Снуп Дог за сексуален напад ги повлече обиненијата, пренесуваат странските медиуми.

Жената, идентификувана во тужбата како Џејн До, пред неколку месеци го обвини американскиот рапер за сексуален напад откако присуствувала на еден од неговите концерти во 2013 година. Како што открила „чувствувала притисок“ од ѕвездата поради неговата доминација и позиција на моќ и затоа не го пријавила случајот тогаш.

Танчерка го тужи Снуп Дог за сексуално злоставување: Ме принуди на орален секс и ме понижи

Претставниците на Снуп Дог рекоа дека наводите се лажни и го поздравија повлекувањето на обвиненијата. Барањето беше повлечено претходно оваа недела, речиси два месеци откако беше поднесено во централниот суд на Калифорнија. Првично тужбата беше поднесена неколку дена пред настапот на Снуп Дог на полувремето на шоуто на Супер Боул.

Снуп Дог / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Неименуваната жена првично тврдеше дека била оставена „испанична и преплашена“ за време на наводниот инцидент, за кој тврдеше дека се случил во тоалетот во ТВ студио. Наводно не ѝ било добро и го користела тоалетот во студиото кога раперот неочекувано влегол по неа, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја принудил на орален секс.

Со доброволното повлекување на тужбата, исто така, беа отстранети обвиненијата против сите други страни именувани во случајот, вклучително и деловниот соработник на раперот.  Мет Финкелберг, адвокатот на Џејн До, сè уште јавно не го коментирал овој расплет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот