Танчерка го тужи Снуп Дог за сексуално злоставување: Ме принуди на орален секс и ме понижи

снуп дог
Снуп Дог / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Танчерка која работела за Снуп Дог и неговиот соработник Дон „Меџик“ Хуан ги тужи за сексуално злоставување кое се случило пред речиси 10 години, пренесуваат странските медиуми.

Анонимна жена во средата поднела тужба до федералниот суд во Лос Анџелес. Наводните напади од 50-годишниот рапер и неговиот 71-годишен пријател се случиле набргу откако жената присуствувала на концертот на Снуп Дог во клубот „Heat Ultra Lounge“, во Анахајм, Калифорнија во мај 2013 година.

Според тужбата, жената тврди дека била нападната откако прифатила да се врати дома со автомобилот на Дон „Меџик“ Хуан, чие вистинско име е Доналд Кембел, и завршила во неговата резиденција против нејзина волја. Таа тврди дека Кембел ја нападнал во резиденцијата кога „го извадил својот полов орган од панталоните“ и „неколку пати ѝ го турнал во устата“.

Таа, исто така, тврди дека Кембел подоцна ја принудил да оди со него во студио за снимање каде Снуп Дог наводно ја снимал неговата телевизиска серија „Snoop Dogg’s Double G News Network“.

Наводно ѝ било лошо и ја користела бањата во студиото кога раперот неочекувано влегол по неа, ја затворил вратата, ја фатил за рамо и ја принудил на орален секс.

Кога го забележал нејзиното гадење, тој наводно „продолжил да мастурбира и ејакулирал на горниот дел од нејзините гради“, а потоа ѝ рекол: „Ќе ти донесам нешто за да се исчистиш“, се вели во извештајот, оставајќи ја жената „понижена, преплашена и испаничена“.

Снуп Дог / Фото: Инстаграм

Извор близок до Снуп Дог, наводно, за „TMZ“ изјавил дека жената намерно поднела тужба пред „Super Bowl“ овој викенд, бидејќи раперот треба да настапува на полувремето.

Жената тврди дека не ги пријавила веднаш за наводните напади бидејќи мислела дека ќе остане без работа. Како што тврди,  неколку години работела за различни компании во сопственост или поврзани со раперот.

Да потсетиме, ова не е првпат Снуп Дог да се соочува со тужба од ваков тип. Во минтото, шминкерката Кајли Бел го тужеше раперот, велејќи дека тој и неговите пријатели сексуално ја нападнале во 2003 година. Непосредно пред таа да ја поднесе тужбата, Снуп ја тужел Бел за изнуда. Подоцна таа се откажа од тужбата затоа што работата наводно била решена спогодбено.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот