Жена од битолско почина во пожар во нејзиниот дом

Пожар/илустрација/ Фото: МИА

Пожар со трагични последици се случил вчера во битолското село Жабени – огнот зафатил соба од куќа, при што починала 83-годишна жена, соопшти полицијата.

„На 17.01.2022 околу 16.00 часот В.Р.(59) од с.Жабени, битолско, пријавил дека околу 15.30 часот во соба од куќа во с.Жабени настанал пожар, во кој од здобиените повреди починала неговата мајка М.Р.(83). Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт“, велат од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот