Зголемени овластувањата на британската полиција со цел да се спречи шпионажа и странско мешање

Фото: ЕПА

Во Велика Британија од денеска стапува во сила уредбата со која полицијата има овластувања да ги запира и апси лицата на граница со цел да спречи шпионажа и странско мешање.

Уредбата наречена Документ за борба против тероризмот и безбедност на границите, донесена е поради случајот на двојниот шпион Сергеј Скрипал, кој во март 2018 година заедно со неговата ќерка беше пронајден отруен во Солсбери. За труењето беше обвинета Русија, а Москва демантираше каква било вмешаност.

Врз основа на уредбата, полицијата ќе може да запира, испитува и да го уапси секое лице кое влегува во Велика Британија, а за кого ќе се посомнева дека е вмешано во непријателски активности.

Британското Министерство за внатрешни работи дека новиот систем подразбира заштитни мерки за истражителите, како и посебна заштита на доверливи материјали и новинарски извори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот