Зголемен бројот на патници на хрватските аеродроми за 8,8 отсто од лани – Слободен печат
ВестиЕкономија

Зголемен бројот на патници на хрватските аеродроми за 8,8 отсто од лани

Меѓу деветте хрватски аеродроми, најголем број патници годинава, 719,8 илјади, минале низ аеродромот во Сплит

Хрватските аеродроми регистрираа вкупно 6,3 милиони патници во првите седум месеци од оваа година, или за 8,8 проценти повеќе во однос на истиот период лани, додека во јули има пораст од 5,1 отсто на 1,9 милиони патници, покажуваат податоците на Централното биро за статистика (ЦБС).

Во првите седум месеци од оваа година имаа 73,4 илјади операции на авиони на сите аеродроми, што претставува зголемување од 5,8 проценти во однос на истиот период во 2018 година, додека само во јули, овие операции беа 19,7 илјади или 0,9 проценти повисоки отколку во јули минатата година.

Меѓу деветте хрватски аеродроми, најголем број патници годинава, 719,8 илјади, минале низ аеродромот во Сплит, што претставува зголемување за четири проценти во однос на истиот месец лани.

Најголем пораст на број на патници од 28,4 отсто е остварен на аеродромот во Задар низ кој поминале 142,7 илјади патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close