Зеленски се сомнева дека Путин е жив

Зеленски/ Фото ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на денешното видео обраќање на Светскиот економски форум во Давос рече дека не е „сосема сигурен“ дека рускиот претседател Владимир Путин е жив и дека носи одлуки во Русија.

„Јас навистина не разбирам со кого да разговарам и за што да разговарам. Не сум сигурен дека претседателот на Русија, кој понекогаш се појавува со помош на техниката „хрома ки“, е навистина тој“, рече Зеленски, коментирајќи ја можноста за мировни преговори меѓу Киев и Москва.

„Хрома ки“ е техника за визуелни ефекти што се користи за да се измени позадината зад лицето на снимката.

Како што пренесува „Киев Индипендент“, има луѓе кои веруваат дека Путин го користи за време на телевизиските настапи за да изгледа дека е на одреден настан, додека всушност е на безбедно место.

Зеленски рече дека Украина направила се што може по дипломатски пат да ги ослободи своите територии, но дека тоа не успеало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот