Зеленски одржува прес-конференција, прва од почетокот на војната

Володимир Зеленски / Фото: ЕПА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повеќе од еден час одржува прес-конференција во Киев – првпат од почетокот на војната во Украина, јави Би-Би-Си.

Зеленски во моментов одговара на новинарски прашања

– Војната можат да ја спречат само тие што ја започнаа, рече на почетокот Зеленски.

Запрашан дали сè уште инсистира на средба со рускиот претседател Владимир Путин и дали смета дека разговорите со него ќе стават крај на војната, Зеленски рече дека војната може да ја запре само тој што ја започнал.

Тој инсистира на завршување на војната и потенцираше дека секој „здрав човек попрво би го избрал дипломатскиот пат” за да ги реши прашањата отколку со воено решение..

Украинскиот претседател додаде дека не се плаши за својот живот, но дека неговото семејство е многу загрижено за него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот