Зеленски ја заострува казнената политика на Украина: За предавство – 15 години до доживотен затвор

Володимир Зеленски
Украинскиот претседател Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска го потпиша Законот за заострување на казнените мерки во земјата, според што во иднина за предавство е предвидена казна од 15 години до дури и доживотен затвор.

Според веб-страницата на Врховната Рада, изгласана е измената на Законот за враќање на огненото оружје и муниција на цивилите за земјата да се заштити во време на војната, а се пропишува дека цивилите не се одговорни за употреба на огнено оружје против лица кои вршат вооружена агресија врз Украина.

Покрај тоа, граѓаните на Украина имаат можност да учествуваат во одбивањето и одвраќањето на вооружена агресија од страна на Руската Федерација и/или други земји, користејќи сопствено наградно или спортско оружје (пиштоли, револвери, пушки, пушки со мазна цевка), ловечки пушки….

Законот ги заострува казните за отуѓување туѓ имот на бојното поле или користење на трагични околности, борба за сопствена корист со ограбување луѓе, вклучувајќи и убиени или ранети. Поточно, за кражба, разбојништво, изнуда или проневера на имот во вонредна состојба се заканува затворска казна од пет до 15 години во зависност од тежината на делото. Исто така, за разбојништво на боиште едно лице ќе се казни со затвор од пет до 10 години затвор.

-Добиваме различни сигнали дека некои политичари повторно бараат врски со Русија. А некои други работат на раскол, спротивно на единството, рече Зеленски. Тој додаде дека „веќе добиваме многу сигнали дека некои во Украина одлучиле дека повеќе не можат да се борат. Заедно со сите. И тие се обидуваат некако одделно, за нешто свое, за некаква своја корист”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот