Зеленски бара повеќе системи за противвоздушна одбрана од сојузниците

Володимир Зеленски / Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Киев за безбедност на храната наречен „Зрно од Украина“ изјави дека на неговата земја и требаат повеќе системи за противвоздушна одбрана за да ги заштити своите патишта за извоз на жито, како и регионите што граничат со Русија.

„Има недостиг на воздушна одбрана – не е тајна“, рече Зеленски на самитот во саботата, на кој присуствуваа високи претставници на европските земји, вклучително и швајцарскиот претседател Ален Берсет и литванската премиерка Ингрид Шимонита.

Зеленски истакна дека странските партнери ќе опремуваат бродови што ќе ги придружуваат конвоите на товарни бродови од украинските пристаништа со цел да се гарантира нивната безбедност.

– Имам договори со неколку земји за моќно придружување на конвои со употреба на странска опрема – рече Зеленски.

Исто така, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вети поддршка во писмо до Зеленски, кое го сподели на социјалните мрежи, во кое се наведува дека Комисијата ќе стави на располагање 50 милиони евра за „итни поправки и надградба на инфраструктурата во украинските пристаништа“.

Украина извезува жито преку привремени коридори низ Црното Море, откако Русија се повлече од договорот во јули. што со посредство на ОН овозможи безбедно извоз на жито преку украинските црноморски пристаништа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот