Здравствен дом Скопје купува возила за домашна посета, но не и за итна помош

„Министерот вели дека нема пари за повисоки плати а еве денеска во поликлиника Бит Пазар се донесоа 10 возила шкода, два пикапа, а се чекаат и два џипа за директорите. За директорите се купија два џипа пред четири години“, велат вработени во Здравствен дом.

Здравствениот дом Скопје се поднови со десетина нови возила кои денеска почнаа да се испорачуваат на паркингoт во поликлиниката Бит Пазар. Вработените реагираат дека во услови кога пациенти возило на итна помош чекаат и по 45 минути и нема пари за повисоки плати и кога веќе државата ја води техничка влада не треба пари да се трошат на нов возен парк.

-Министерот вели дека нема пари за повисоки плати а еве денеска во поликлиника Бит Пазар се донесоа 10 возила шкода, два пикапа, а се чекаат и два џипа за директорите. За директорите се купија два џипа пред четири години – велат вработени во Здравствен дом.

Директорот на здравствениот дом е дециден дека тоа што се набавува е за остварување на здравствената дејност на домот.

-Тоа се возила за домашна посета, за аптека од понеделник ќе има промоција со министерот за здравство Венко Филипче, вели директорот на Здравствен дом Скопје Виктор Исијановски.

На прашањето дали е точно дека се набавуваат и два џипа за потребите на двајцата директори тој вели: се што е купено е за потребите на дејност на здравствениот дом, за моја лична употреба нема ништо.Јас можам да кажам дека возам Шкода јети купена во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Позитивен исчекор е набавката на два пикапа, еден обичен и еден со ладно ладење. Со обичниот ќе се транспортираат материјали за кои не е потребен фрижидер а со и друот џип со ладење за прв пат се набавува од постоењето на здравствен дом. Тој ќе биде наменет за транспорт на вакцини инсулинот и други лекови за кои треба да се запази ладниот ланец – вели Исијановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот