Здравко Мамиќ останува во БиХ, нема да биде екстрадиран во Хрватска

Мамиќ останува недостапен за хрватските судски власти/ фото: EPA/ANTONIO BAT

Поранешниот извршен потпретседател на хрватскиот шампион Динамо Загреб,, Здравко Мамиќ нема да биде екстрадиран во Хрватска, одлучи судот во Босна и Херцеговина.

Како што пренесува „Дневни Аваз“, Хрватска бараше Мамиќ да им биде изречен на хрватските власти бидејќи против него веќе се води процес поради подмитување на судија во Осијек.
Пред неколку месеци, Мамиќ призна дека давал пари како мито, но на судот во БиХ му рекол дека станува збор за рекет и дека бил принуден на такво нешто.

Здравко Мамиќ се наоѓа во Меѓугорје во БиХ од 2018 година кога беше осуден на затворска казна во Хрватска поради финансики малверации кои ги правеше кога беше на чело на Динамо Загреб.

И неговиот брат Зоран Мамиќ исто така беше осуден на затворска казна поради финансиски малверзации, но тој пред три месеци ја напушти Хрватска и прво замина на Блискиот Исток, во Дубаи, а потоа му се приклучи на постариот брат Здравко во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот