Здравјето на децата во градинките во Центар ќе се штити со нано-филтри на прозорците

Фото: Општина Центар

На прозорците на сите 11 детски градинки во општина Центар неделава ќе се постават заштитни нано – филтри. Од Општината велат дека изведбата веќе е започната и дека досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка „Кочо Рацин“, на прозорците на објектот „Наум Наумовски Борче“ од истата градинка, а во текот на наредните денови исти такви филтри ќе се постават и на останатите 9 објејкти на општинските детски градинки.

Филтрите имаат за цел да делуваат против ПМ честичките и штетните надворешни влијанија, кои се особено изразени во зимскиот период.

Со поставувањето на филтрите во голема мера се намалува изложеноста на децата на ПМ 10, ПМ 5 и ПМ 2,5 честичките, воедно спречувајќи го загадувањето на амбиенталниот воздух и просториите во градинките. Нано – филтрите се изработени од еколошки и биоразградливи материјали, не нанесуваат штета на здравјето на децата и вработените и не ја загадуваат животната средина – информираат од Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот