Здравев: За сите предмети од СЈО треба да се донесе соодветна пресуда

Претседателот на судскиот совет Киро Здравев изјави дека сите предмети од СЈО, без разлика на тоа во која фаза се наоѓаат, треба да добијат судско-обвинителска завршница.

– За предметите што се веќе во суд, треба да има соодветна пресуда. За другите предмети, што ќе ги преземе редовното обвинителство, треба да се донесат соодветни обвинителски одлуки. Тоа што предметите ги презема редовното обвинителство го прави депласирано начелното правно мислење на Врховниот суд – изјави Здравев.

Според начелното правно мислењето на Врховниот суд, СЈО е неовластен тужител во сите истраги и предистраги за кои до 30 јуни 2017 година не беше поднесен обвинителен акт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот