Фото: Општина Аеродром

Завршува реконструкцијата на уште еден спортски терен во Аеродром

Во боите на Аеродром и МЗТ Скопје, аеродромци добиваат нов повеќенаменски спортски терен за кошарка и фудбал во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски”. Со инвестиции од буџетот на Општина Аеродром и во рамките на овој инвестициски циклус, спортските игралишта кои отсекогаш биле симбол на маалската дружба, добиваат нов и модерен изглед, велат од Општината.

Оттаму додаваат дека новите поставени содржини подразбираат подобри услови за спортистите и рекреативците, а тоа се постигнува преку изведба на мултифункционален спортски терен со нова тартан подлога, нови голови и кошеви, ограда, трибини и уредување на околниот простор.

Инвестициите во спортот и инфраструктурата продолжуваат со несмалено темпо. Реконструираме и градиме спортски терени во секое населено место и училиште, со што ја докажуваме нашата заложба и посветеност за развој на спортот, како и поддршката во градењето на нови спортски таленти – велат од Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот