Завршни зборови за „Рекет“ на 19 и 20 мај

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Судењето за случајот Рекет продолжува на 19 и 20 мај кога завршни зборови ќе даваат обвинителството и одбраната.

Во судот Катица Јанева, денеска даваше исказ, со што заврши доказната постапка за предметот Рекет во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Судот, на барање од одбраната, ја исклучи јавноста во делот од судењето каде Јанева сведочеше за доверливи информации за предметот „Рекет”, во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Претходно, таа изјави дека со Бојан Јовановски прво неколку пати разговарале за гостување во емисиите на ТВ1, по што освен официјалните средби, развиле и неформално пријателатво и кафе пиење.

– Со Бојан најмногу разговаравме за модата, а зборувавме и за љубовта. Тој ме прашуваше што и како ќе носам во емисиите, а знаеше и да ме критикува за гардеробата, изјави Јанева.

Таа нагласи дека со Јовановски никогаш не разговарале за работата во Специјалното јавно обвинителство, укажувајќи дека ако имала потреба тоа го правела со обвинителите во СЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот