Заврши истрагата на Швајцарците против првиот човек на ФИФА, Инфантино е невин

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Постапката против претседателот на ФИФА Џани Инфантино поради наводна вмешаност во истрагата за недозволено мешање во истрагата за корупција во фудбалот е запрена, објавија швајцарските обвинители.

Процесот се водеше поради неговите врски со државниот адвокат Михаел Лаубер кој поднесе оставка откако беше докажано дека имал контакт со Инфантино.

Обвинителите сепак не успеаа да пронајдат докази дека Инфантино на било каков начин со својата позиција влијаел во истрагата.

ФИФА со години е вмешана во бројни скандали, а Инфантино беше избран во 2016 година токму со цел да се избори со тие скандали.

„За мене ова е чиста победа, но и правда за ФИФА“, изјави Инфантино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот