Застрашувачка приказна: Иако беше ослободен, Бил Козби се соочува со нови обвинувања

epa09314357 US actor Bill Cosby (C) walks to briefly address the media after he arrived home following the Pennsylvania Supreme Court's ruling throwing out Cosby's sexual assault conviction which is expected to result in his release from prison in Elkins Park, Pennsylvania, USA, 30 June 2021. Cosby has already served more than two years in prison following his conviction for assaulting Andrea Constand. EPA-EFE/BASTIAAN SLABBERS

Ослободувањето на познатиот американски глумец од затвор, Бил Козби, во средата ги потресе активистите и сите оние кои се против сексуалните напади.

Пресудата на Козби беше одбиена поради процедуралните прашања, на основа на стариот договор, кој доби кривичен имунитет од претходниот обвинител.

Многу медиуми во САД пренесуваат дека Косби планира да направи големо враќање на филмската сцена, со можен документарец и турнеа, иако многу луѓе од Холивуд тврдат дека 83-годишниот комичар е премногу „токсичен“ за да би можел да си ја врати кариерата.

Меѓу многуте критичари на пресудата на Козби е познатиот поранешен глумец и боксер, Мики Рурк. Тој на својот Инстаграм профил објави застрашувачка приказна која му била раскажана од страна на неговата поранешна девојка пред 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY ROURKE (@mickey_rourke_)

Приказната содржи графички и вознемирувачки детали за сексуалните напади кои ги вршел Козби, пренесува порталот Филивоис.

Рурк вели дека се забавувал со неименувана, млада жена, која тогаш имала 19 години. Едно утро тој ја чул како плаче, откако преспала во неговата куќа. Девојката, која била успешна манекенка, му раскажала што се случило откако се сретнала на забавата со Бил Козби. Како што вели Рурк, тие размениле броеви, а Козби и рекол дека ќе и помогне да влезе во филмскиот свет и ја поканил на вечера со неговата жена.

Кога девојката пристигнала во домот на Козби, тој бил сам, а кога го прашала за неговата сопруга, тој рекол дека имала работа. Од тука приказната на Рурк добива мрачен пресврт.

Иако таа одбила, Козби ја послужил со чаша вино. Но, откако таа го пробала виното, почнало да и се лоши. Девојката сакала да си оди бидејќи не и било добро, но Косби не и дозволил. По неколку одбивања, Козби станал поагресивен. Всушност, планот на Косби бил да ја издрогира и потоа сексуално да ја злоупотребува младата девојка.

Девојката пробала да избега, но Косби и ја покрил устата, за соседите да не ги чујат нејзините викотници. Жената на крај успеала да побегне и да влезе во својот автомобил, пренесува Филивоис.

Оваа приказна е само една од многуте обвинувања со кои се соочуваше комичатор. Многу од ваквите приказни поврзани со нападите на Козби кои беа објавени за време на неговото судење, се слични. Тој ги дрогирал и злоупотребувал младите девојки, по што тие најчесто не ни памтеле што се случувало во вечерите.

Рурк оддамна ја искажува својата лутина кон Козби и вели дека не му се верува дека на глумецот не му следуваше никаква посериозна казна.

Актерот Бил Козби излегува на слобода – укината пресудата за сексуално вознемирување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот