Запознајте ја Нитколина: Хрватска доби политичарка создадена со вештачка интелигенција

Нитколина ќе се бори против лажните вести и информации за време на изборната кампања. Носителот на имагинарната изборна единица „Можеме“ е првата хрватска политичарка создадена со вештачка интелигенција.

„Јас сум Нитколина. Носителот на имагинарната дигитална изборна единица „Можемо!“ и прва хрватска политичарка со вештачка интелигенција. Постојам и не постојам во исто време“, стои во објавата.

Носителката на листата вели дека била потсетник дека денес се е можно користејќи технологија.

„Во моето дејствување ќе се придржувам до етичкиот кодекс на партијата „Можемо!“, а мојата единствена улога ќе биде да промовирам критичко размислување и да бидам пример дека сè што гледаме и слушаме не нужно е реално и вистинито. Па, излезете на гласање на 17 април. И среќен Велигден!“, стои во пораката на Нитколина во објава на Инстаграм.

„Можеме!“ го претставија својот кодекс на политичка комуникација на социјалните мрежи во предизборната кампања, со кој тие се обврзуваат да не „генерираат лажни вести, ниту да користат фарми за кликови и партиски ботови“, туку ќе се борат против тоа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот