Започнува преодниот рок за сезоната 2020/21 во сениорските лиги

фото: фејсбук/КК МЗТ Скопје Аеродром

Рокот за пријавување екипа во сениорските категории е најдоцна до 1 септември 2020 година.

Канцеларијата на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија ги информира сите клубови, согласно членовите од Регистрацискиот Правилник на КФСМ, за преодниот рок за кошаркари и кошаркарки во сениорските и младинските лиги од натпреварувачката сезона 2020/2021.

Рокот за пријавување екипа во сениорските категории е најдоцна до 1 септември 2020 година.

Потоа, преодниот рок за кошаркари/ки во сениорските лиги за следната сезона започнува од денеска (1 јули) и завршува 24 часа пред почеток на вториот дел од сезоната во соодветното сениорско натпреварување.

ДОГОВОРИТЕ КОИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ВО КФСМ МОРА ДА БИДАТ ЗАВЕРЕНИ НА НОТАР:

1. Кошаркарите/ките родени 2002 и постари, потпишуваат прв сениорски Договор;

2. Кошаркарите/ките родени од 2003 до 2006 потпишуваат Договор за спортско усовршување;

3. Кошаркарите/ките родени 2007 и помлади, потпишуваат Договор за тренинг и настап;

4. Кошаркарите/ките родени 2000 и помлади можат да добијат двојна лиценца, согласно член 36 од Регистрацискиот правилник на КФСМ. Еден клуб може да има во
листа најмногу 6 играчи на двојна лиценца;

Сите клубови најдоцна до 01 септември 2020 година, мора да ги подмират своите долгувања спрема КФСМ, за да можат да пријават учество на екипа и регистрација на играчи во натпреварувачката сезона 2020/21;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот