Започнаа преговорите за размена на заробеници меѓу Израел и Хамас

Заложниците кои ги држи Хамас / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Со пристигнувањето на израелската делегација во Катар, официјално почнаа преговорите за постигнување договор за размена на заробеници меѓу Тел Авив и Хамас.

Според весникот „Једиот Ахронот“, преговорите за размена на заробеници меѓу милитантното движење Хамас и Тел Авив официјално започнаа со пристигнувањето на израелска делегација, предводена од шефот на Мосад, Давид Барни во Доха.

Шефот на Мосад, Барни денеска ќе се врати во Израел, а израелската работна група на високо ниво составена од претставници на Мосад, воената разузнавачка служба (АМАН) и агенцијата за внатрешна безбедност Шин-Бет (Шабак) ќе остане во Катар неколку дена.

Според новинските извештаи, неименуван израелски функционер изјавил дека преговорите се започнати и ќе бидат долги, тешки и сложени, кои бараат многу трпение.

Во вестите на израелскиот приватен телевизиски канал Канал 12, е објавено дека преговорите се водат во хотел во приватен комплекс во Доха, пренесува Анадолија.

Во вестите беше наведено дека има коридор што ја дели просторијата на израелските претставници од просторијата на претставниците на Хамас и дека не се очекува тие да се сретнат, а меѓу двете простории за време на разговорите ќе се движат катарски и египетски посредници.

Според извештајот, неименуван израелски функционер рекол дека преговорите би можеле да траат околу две недели.

Официјалниот претставник истакна дека претставниците на Хамас во Катар нема да донесат одлука, туку дека Јахја Синвар, лидерот на Хамас во Газа, ќе носи одлуки, и дека за секоја точка на напредок ќе бидат потребни 24 до 36 часа до одговорот на Синвар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот