Западен Балкан е приоритет за ЕУ, вели Мишел

Шарл Мишел/ Фото Kenzo TRIBOUILLARD / AFP / Profimedia

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел кој денеска се сретна со претседателот Мило Ѓукановиќ во Подгорица, рече дека ова е важен момент за европската иднина на Западен Балкан и оти регионот е стратешки приоритет на ЕУ, сега повеќе од кога било.

„ЕУ беше обединета во воведувањето санкции кон Русија, а притисокот го обезбедува континуитетот на шест пакети санкции”, рече Мишел на заедничката прес-конференција со Ѓукановиќ, велејќи дека Западен Балкан е стратешки приоритет за ЕУ. повеќе од кога било.

„Црна Гора е мошне постојан партнер за ЕУ повеќе од една деценија и вашата земја има рекорд од стопроцентно усогласување со политиката на ЕУ”, рече Мишел.

Шарл Мишел и лидерите на Западен Балкан/ Фото Konstantinos Tsakalidis / AFP / Profimedia

Ѓукановиќ изјави дека посетата на Мишел на Црна Гора укажува на посветеноста на Европската унија за европеизација на Западен Балкан.

Тој рече дека со Мишел разговарал за ситуацијата во регионот.

„Повторив дека стабилноста на Западен Балкан е еднаква на интеграција. За жал, констатиравме дека во Црна Гора има забавување на интегративните процеси”, изјави Ѓукановиќ, пренесуваат подгоричките медиуми.

Тој наведе и дека во тој период имало земји кои дејствувале надвор од интеграциската позиција, а како предупредување пристигнала руската агресија врз Украина која, како што рече, укажала на потребата од евроинтеграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот