Захави: АстраЗенека и Фајзер ќе се придржуваат до договорите за испорака со Велика Британија

Фајзер вакцина
Фајзерр вакцина / Фото: ЕPA-EFE/ABIR SULTAN

Убеден сум дека компаниите „АстраЗенека” и „Фајзер” ќе се придржуваат до договорните обврски за испорака на вакцините, изјави денеска британскиот министер за вакцинација, Надим Захави.

Захави ги коментираше извештаите дека ЕУ се заканила дека ќе го блокира снабдувањето со вакцини во Велика Британија.

-Уверен сум дека „АстраЗенека” и „Фајзер” ќе ги испорачаат количините вакцини што ни се потребни за да го спроведеме планот до средината на февруари и, се разбира, повеќе од тоа, рече Захави, цитиран од британските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот