Захарова: Прага нема основа и докази за обвинувањата

Марија Захарова/ Фото: ЕПА

Прага нема основа да ја обвинува Русија дека е вмешана во инцидентот во Врбјетице во 2014 година, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Во изминатите седум години истрага, (чешката) Влада немаше основа, а ниту докази за такви изјави, истакна Захарова.

Таа додаде дека се покажало дека во Чешка има магацини за оружје, кои не биле под контрола на чешката Влада, ниту официјални структури во Чешка.

– Најчудната работа во ова, како што беше наведено посебно во западните медиуми, е тоа што приватна компанија во сопственост на граѓанин на земја-членка на НАТО, поточно Бугарија, работела во Чешка, истакна Захарова.

Таа посочи дека Прага мора да му каже на светот што точно се чувало во депоата во селото Врбјетице.

– Според германските медиуми, во магацинот имало нагазни мини. Според Конвенцијата за противпешадиски мини земјите потписнички на можат да чуваат такво оружје на своите територија, истакна Захарова.

Чешка минатата недела ја обвини Русија за учество во експлозија во магацин за муниција во Врбјетице во 2014 година, при што загинаа две лица. По обвинувањата, Прага протера 18 вработени во Амбасадата на Русија, а Москва одговори со тоа што 20 вработени во чешката дипломатска мисија ги прогласи за персона нон грата, што е речиси две третини од персоналот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот