Заев на средба со Инстаграм кралот на марихуаната – Дали Македонија ќе стане канабис суперсила во Европа?

Фото: Инстаграм

Инстаграм кралот на марихуаната и еден од најголемите производители на канабис во светот, Биг Мајк, бил на официјална посета кај премиерот Зоран Заев во Владата на Македонија, пренесува Алфа. Тој на Инстаграм се пофали за посетата и напиша дека Македонија ќе се претвори во една од најголемите канабис суперсили во светот.

– Само што остварив средба со премиерот на Македонија, Зоран Заев, разговаравме многу за канабисот. Да ви кажам, оваа земја има огромен потенција и јас сум возбуден да бидам дел од претворањето на Македонија во една од првите канабис суперсили во Европа, напиша Биг Мајк на Инстаграм.

Вистинското име на Биг Мајк е Мајкл Страумитис, роден во 1960 година во Портланд и од млади години започнал да се занимава со канабисот. Тој преку својата компанија за легално производство на марихуана, „Advanced Nutrients“ досега направи милиони долари. На својот Инстаграм профил кој го следат 2.8 следбеници, ја промовира марихуаната и нејзините придобивки, користејќи различни маркетиншки трикови, како славни лица и убави девојки за таа цел.

Биг Мајк чија сопруга е Бугарката Цеци Красимирова, како што може да се зебележи својот бизнис сака да го прошири и на меѓународно ниво, а една од дестинациите очигледно му е токму Македонија.

View this post on Instagram

Yes… The rumors are true.

A post shared by BigMike (@bigmike) on

 

Владата засега не информираше за средбата помеѓу Заев и Биг Мајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот