Заев: Го чуваме Дојранското Езеро и со нашите партнери од ЕУ вложуваме во еко-држава

„До 2021 ќе изготвиме мерки за санација и реконструкција на колекторот и пречистителна станица во Дојран во вредност од 60 милиони денари, а со финализација на изградбата на браната Конско ќе се обезбеди навремен дотур на вода до Дојранското езеро. Важно е да се чува еко-средината во езерото и околу езерото, за да имаме развој на туризмот во Дојран“, рече Заев на денешната посета во Дојран.

При посетата во Дојран претседателот на СДСМ направи увид во изведба на градежни работи за изградба на научно едукативен центар во Дојран, финансиран од ЕУ во вредност од 5 милиони евра, како и на градежните работи за партерно и хортикултурно уредување на градскиот парк во Дојран со површина 35 илјади метри квадратни и финансиска помош од ЕУ и Светска банка преку Проектот за локална и регионална конкурентност и Општина Дојран.

„Проектот Еко држава е петтиот важен столб во програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“ и првите две години од мандатот ќе бидат посветени на планско, но и интензивно зазеленување на државата“, заклучи Заев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот