Заев: Европа е како најсексапилна девојка кој не води и мотивира (ВИДЕО)

Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше на форумот Европа – Вахау, во Австрија. Во обраќањето  на настанот тој ја спореди Европската Унија со сексипилна девојка.

-Сакаме да ги почнеме преговорите, односно да продолжиме со мотивацијата на ЕУ и да ја докажеме нашата земја. Во минатото Балканот беше темпирана бомба, но сега многу нешта се сменија. Сѐ повеќе сме Европјани. Преку овие промени, многу нешто се случија, само поради една причина, која ја спомна комесарот Хан, односно поради силата на ЕУ. Таа нѐ привлекува, нѐ води и нѐ мотивира. Европа треба да остане најсексапилна девојка во светот, која ќе нѐ мотивира да продолжиме во овој правец – рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот