Заев: Едно општество е единствениот исправен пат кон подобра иднина (ВИДЕО)

На 27 април 2017 година, кога бевме под налет на национализмот, два и пол часа чекавме да падне живот, но заеднички се боревме да се одбраниме, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибина во Гостивар.

– Тие беа со крв во очите и се удираа во градите кој е поголем Македонец, кој Албанец, а сето тоа беше за власт, пари и моќ. 30 години никој не носеше одлуки, но ние имавме храброст и носевме одлуки. Не само за договорите со Грција и Бугарија, туку и за Законот за употреба на јазиците, за зголемување на социјалната помош, за поголеми пензии, за поголема минимална плата, за 12 000 стечајци, за повисока просечна плата, за воведената државна социјална пензија, рече Заев, од предизборната трибина во Гостивар, на која беа промовирани носителите во шестата изборна единица.

Воедно тој додаде дека како власт покажале дека водат грижа за сите, најмногу за сиромашните.

Тој ги повика граѓаните да гласаат за европската и демократската опција на 15 јули.

– Покажавме дека сите политичари не се исти, не калкулиравме со личниот и партискиот рејтинг. Кога се исправивме пред вистината, знаевме зошто 30 години не се носеле одлуки, се плашеле за политичката кариера. Ама ние не се плашиме, зарем има поважно нешто од нашите деца и нашите внуци. Носевме одлуки и ги затворивме комплетно сите важни прашања, истакна Заев на трибината.

Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, потенцираше тој, пример на единство и сплотеност.

-Тоа е иднината, тоа единство и заедништво е единствениот исправен пат, модел кој може да на јакне и на економски план, и како народ и како држава и како луѓе. Тоа е единствениот модел кој може да им гарантира подобра иднина на нашите деца. Ви благодарам што верувате во тој концепт, ви благодарам што верувавте во овој концепт и кога многу други не веруваа- порача Заев пред граѓаните на Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот