Заев: Цената на струјата ја држиме стабилна, ако треба ќе имаме и ваучери за помош на домаќинствата

Далновод / Фото: EPA

Граѓаните треба да знаат дека цената на струјата до крајот на годината останува иста и ако се менува во 2022 ние сме спремни директно со ваучери да помогнеме, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за Сител телевизија.

Тој додаде дека цената на струјата ја гарантира државата преку производствените капацитети на ЕСМ, па дури и да има 48,52 евра по мегават, таа ќе биде испорачува за 36 евра и така ја држиме стабилна цената на струјата.

-Доколку е тоа потребно, подготвени се посебни пакети како ваучери за домаќинствата кои од економско-социјален аспект ќе ја компензираат евентуалната разлика во цената како инструменти за поддршка на граѓаните. Гледате четири години нема мрднато цената на струјата, за разлика од пред некои осум месеци, кога за 4 -5 пати е зголемена цената на меѓународните берзи. Така што граѓаните треба да бидат спокојни и воопшто да не стравуваат… Никој на сметката дома нема поместување на цената на струјата, ја добиваат истата, кажа Заев.

Тој истакна дека државата се откажала од ДДВ-то и тоа се некаде 20 милиони евра кои можеле да бидат приход во буџетот.

-За да може да им помогнеме на граѓаните, дополнително 18 – 19 милиони евра директно од буџетот вбризгуваме према ЕСМ за да може да држиме стабилна цена и така ќе продолжиме. Кај нас е гарантирана цената за домаќинствата, цената расте кај правните субјекти и кај јавните институции… За да може да гарантираме соодветни капацитети на продукција на струја и да може да се најдеме дури и на стопанството и јавните институции, донесовме одлука, неколку милијарди денари и е дадена насока од државата на ТЕЦ Неготино да се стави во погон и веќе се набавуваат понудите од мазут. Дополнително Комората ја ангажиравме со големите потрошувачи, Фени, Бучим, големите компании, тие да произведат свои сопствени пари за сметка на тоа ќе добијат струја, но ќе го релаксираме притисокот од потреба за струја, тоа е еден нов капацитет од 100 мегавати кои го ставаме во функција. Дополнително прибираме понуди за третиот блок за РЕК Битола. РЕК Битола вообичаено работи со два блока, ретко со 1, сега го вклучуваме третиот блок, заклучи Заев.

Видео на денот