Заев: Опозицијата можеби го сака и Никола Груевски за обвинител

Пратеникот Мухамед Зекири на денешните пратенички прашања праша дали е прифатливо опозицијата да го предлага јавниот обивнител, како што СДСМ ветуваше пред две години.

-Брилјантен е прелдогот на опозицијата тоа да биде Владимир Панчевски, човек кој го злоупотребувал системот за распределба на предметите и кај подобни судии ги распределувале предметите од СЈО – рече Зекири.

На ова Заев одговори дека недавањето на поддршка за предлог-законот на ЈО ја прави посебно видлила блорадата на правдата и обидот 18 предмети на СЈО да ги нема.

– Со ваквото однесување на опозицијата со ваквите предлози не гледам дека треба да им се даде можност. Да го предложите Панчевски, човек кој буквално во цел мандат ги давал предметите на стриктно избрани судии, човек кој има вакво минато и за кој Судскиот совет тоа го утврдил, сега да го предложите за јавен обвинител. Ако им дадам да го предложат јавниот обвинител, ќе го предложат и Никола Груевски – рече Заев.

Тој повтори дека со предлог-законот за ЈО е прифатен предлогот на опозицијата СЈО да влезе во ОЈО, а како што рече нотирани се и заложби опозицијата за 30 јуни за 2017 година како датум за употреба на прислушуваните материјали.

-Предлог-законот предвидува не да седат политичарите и да бираат обвинители туку тоа да го прави системот, советот – рече Заев.
Тој потенцираше дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година до тогаш ќе функционира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот