Заедно со АМС и ФФМ се реконструира градскиот стадион во Кавадарци

Фото: facebook.com/MitkoJanchev/

Општина Кавадарци, Агенцијата за млади и спорт и Фудбалската федерација на Македонија со заедничка инвестиција го реконструираат градскиот стадион во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Деновиве привршуваат градежните работи на реконструкција и доградба на источната трибина, по што работите ќе се насочат кон реализација на новото проектно решение за изградба на јужната трибина која ќе биде целосно покриена со кровна конструкција.

После реконструкцијата на трибините, на стадионот ќе бидат поставени 2000 нови столчиња кои веќе се набавени.

Фото: facebook.com/MitkoJanchev/

Претходно беше отстранета старата трева од фудбалскиот терен, кој потоа доби нова подлога со систем за наводнување и дренажа. Врз него се постави бусен трева и сега е во одлична состојба.

Во последната фаза од реконструкцијата на градскиот стадион, Општина Кавадарци целосно ќе ги обнови и модернизира соблекувалните и останатите простории во рамки на стадионот.

ФФМ обезбеди средства за реконструкција на Градскиот стадион во Кавадарци! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот