Задар му го нанесе четвртиот пораз на Партизан во АБА лигата

Фото: КК Партизан

Кошаркарите на Партизан во рамките од 13-тото коло во АБА лигата беа поразени од Задар во арената „Крешмир Косиќ“ со резултат 84:68.

За црно-белите ова беше четврти пораз во регионалното натпреварување и има биланс од девет победи и четири пораз. Зад од друга страна е со скор од седум победи и шест порази.

На почетокто од натпреварот Задар ја презема контролата и од 15:13 разликата констатно се зголемуваше, па во еден момент таа изнесуваше 20 поени.

Доминантен натпревар одигра Лука Божиќ и натпреварот го заврши со 26 поени, а беше и на чекор од трипл-дабл со девет скока и исто толку асистенции. Дари Дрежњак уфрли 25 поени со седум постигнати тројки.

Екс-кошаркарот на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ настапи во последната минута и немаше никаков учинок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот