Забавен оглас за работа: Се бараат туристички водичи за тура низ родното село на Хари Стајлс

Фото: Profimedia

Англиските туристички водичи кои се без работа или не се задоволни од условите на нивните сегашни работни места имаат можност да добијат интересна работна позиција. Сепак, тие ќе се соочат со многу специфичен услов: стручно познавање на пејачот Хари Стајлс, пишува „Гардијан“.

Село во Чешир, Англија е преплавено со млади посетители кои доаѓаат да го видат родното место на музичката ѕвезда Хари Стајлс. За да им овозможат подобро искуство на илјадници туристи, властите организираа аудиција за туристички водичи.

Повеќе од 5.000 обожаватели, познати како „Harries“, го посетиле Холмс Чапел во изминатата година. За многумина, посетата на родното село на Стајлс е авантура за која сонуваат со месеци.

Хари Стајлс на 13-годишна возраст во родното село Холмс Чапел / Фото: Mirrorpix / MirrorPix / Profimedia

За некои се вели дека „го ризикуваат животот и екстремитетите“ за да го посетат местото на првиот бакнеж на Стајлс – железничкиот вијадукт во близина на познатиот прометен главен пат, што ги натера селаните да објават мапа до него.

Сега локалните жители решија да одат чекор понатаму – организацијата „Holmes Chapel Partnership“ објави дека започнува со свои официјални тури и ги повика обожавателите на пејачот да станат водичи.

Се очекува да има толку голем интерес за позицијата, што селото е подготвено да биде домаќин на целодневен настан со аудиции, кои ќе се одржат кон крајот на овој месец. Ова нема да биде класично интервју за работа, туку веројатно ќе биде повеќе како аудиција во стилот на шоуто „Икс-фактор“, во која Стајлс го прослави своето име. Според организацијата, тие сакаат да ангажираат обожаватели постари од 16 години, но можат да се пријават и постари лица.

Хари Стајлс со фанови во Холмс Чапел / Фото: DRTEDLN1T / Backgrid UK / Profimedia

Голем број обожаватели, од целиот свет, го посетуваат родното место на пејачот, што предизвика вистински деловен бум во Холмс Чапел. Па, така, пекарницата во која Стајлс работел со скратено работно време, пред да стане дел од групата „Уан дајрекшн“, забележа пораст на бизнисот. Во пекарницата сè уште стои постер со нивниот најпознат работник во природна големина, на кој тој држи бел леб – нивниот најпродаван производ.

Обиколката со водич низ родното село на Хари ќе ги вклучи неговите поранешни училишта, викендичката со тераса каде што пораснал и блискиот кинески ресторан каде што некогаш ја одведе Тејлор Свифт.

Турите со водич се очекува да започнат во јуни и да траат до септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот