За вмешаност во обидот за државен удар пред четири години: Турскиот суд изрече 92 доживотни затворски казни

Турскиот суд денеска изрече доживотен затвор за 92 лица кои учествуваа во обидот за воен пуч во земјата во 2016 година. Во обидот за државен удар на 15 јули во 2016 година загинаа повеќе 250 лица. Меѓу осудените, како што пишува агенцијата „Ројтерс“ се наоѓаат поранешни високи воени офицери.

За организација на пучот е обвинет муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој живее во САД и кој отфрла било каква вмешаност во делото за кое се товари.

– Околу 292.000 лица се уапсени за наводна поврзаност со Ѓулен од кои 100.000 се наоѓаат зад решетки во исчекување на судењат, изјави министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу.

По неуспешниот обид за државен удар, околу 150.000 државни службеници ги загубија работните места или беа казнети.

Судовите во Турција досега изрекоа преку 2,500 доживотни казни, а, речиси, 21.000 лица, според официјални податоци се исфрлени од армијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот