За сов­рше­на фун­кци­ја на те­лото: Нај­важ­ни­те ви­та­ми­ни за жен­ско­то здравје

На жен­ско­то те­ло му се пот­реб­ни ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли за да мо­же нор­мал­но да фун­кци­о­нира. Ако са­ка­те да го за­чу­ва­те сво­е­то здрав­је и да има­те долг жи­вот, об­рне­те вни­ма­ние на овие ви­та­ми­ни и ми­не­ра­ли што се гри­жат ва­ше­то те­ло да фун­кци­о­ни­ра сов­ршено.

Маг­не­зиум

Ова е ис­клу­чи­тел­но ва­жен ми­не­рал за жен­ско­то здравје, а по­себ­но по­зи­тив­но вли­јае на здрав­је­то на нер­вите, мус­ку­лите, коски­те и на це­ло­куп­ни­от иму­ни­тет. Шти­ти од стрес, а при­род­ни из­во­ри му се зе­ле­ни­от зе­лен­чук, ка­ко спа­наќ, жи­тар­ки од це­ло зрно, јат­кас­ти пло­до­ви и семки.

Фол­на ки­се­лина

Ста­ну­ва збор за мно­гу ва­жен ви­та­мин што по­ма­га во из­град­ба­та на но­ви клетки, ја шти­ти бре­ме­нос­та и иг­ра важ­на уло­га за здрав­је­то на ср­це­то и це­ло­куп­ни­от кар­ди­о­вас­ку­ла­рен сис­тем. До­бар при­ро­ден из­вор на фол­на ки­се­ли­на се ме­шун­кас­ти­те пло­дови, со­јата, си­на­та ри­ба и овош­јето, ка­ко што се аво­ка­до­то или порто­ка­лот.

Би­о­тин

Би­о­ти­нот, кој уш­те се на­ре­ку­ва ви­та­мин Б7 или ви­та­мин Х, во ор­га­низ­мот е за­дол­жен за пра­ви­лен ме­та­бо­ли­зам, по­себ­но на пре­ра­бот­ка на ше­ќе­рот во енер­гија, а вли­јае и на здрав­је­то на ко­жата. Мо­же да се нај­де во пи­леш­ко­то месо, ри­бите, ба­на­ните, пе­чур­ките, мор­ко­вот, во пив­ски­от ква­сец и во жолчки­те на јајцата.

Ви­та­мин Б12

Овој ис­клу­чи­тел­но ва­жен ви­та­мин ну­жен е за нор­мал­на ра­бо­та на мо­зо­кот, но ис­то та­ка спре­чу­ва и ср­це­ви за­бо­лу­ва­ња и мо­зо­чен удар. Ги од­ржу­ва нер­ви­те и крв­ни­те клет­ки здрави, по­ма­га во из­град­ба­та на ДНК, а е ва­жен за ве­ге­та­ри­јанци­те и ве­га­ните, би­деј­ќи спре­чу­ва ане­мија. Нај­го­ле­ми ко­ли­чес­тва на ви­та­мин Б12 мо­жат да се нај­дат во си­на­та риба, по­себ­но во сар­ди­ната, по­тоа во ме­со­то (ор­ган­ски од­гле­ду­вано, од­нос­но ме­со од жи­вот­ни што се хра­нат со при­род­ни на­мир­ници), во јајцата, мле­ко­то и млеч­ни­те про­из­води.

Ви­та­мин Д

Ви­та­ми­нот Д всушност е хормон, а за­дол­жен е за јак­не­ње на коските, за впи­ва­ње на кал­ци­у­мот, за здрав иму­ни­тет, за нор­мал­но фун­кци­о­ни­ра­ње на нер­ви­те и ти­ро­ид­на­та жлезда, а мо­же да спре­чи и соз­да­ва­ње кар­ци­ном на дој­ка и по­ма­га во не­го­во­то ле­чење. Нај­мно­гу го има во ри­би­но­то мас­ло и ме­сото, во мле­ко­то и млеч­ни­те про­из­во­ди и во жолчката. Се­како, нај­до­бри­от из­вор на ви­та­ми­нот Д се крие во сонцето, но по­ве­ќе­то лу­ѓе не ус­пе­ва­ат да го впи­јат од тој из­вор. За­тоа ек­спер­ти­те препо­ра­чу­ва­ат да се зе­ма ви­та­ми­нот Д ка­ко до­да­ток на ис­хра­ната.

Кал­циум

Овој мо­ќен ми­не­рал од­го­во­рен е за си­ла­та на коски­те и мус­ку­лите, а иг­ра важ­на уло­га и во нор­мал­но­то фун­кци­о­ни­ра­ње на крвта. Ис­то така, ва­жен е и за од­ржу­ва­ње здрав крвен при­ти­сок. При­род­ни из­во­ри на кал­ци­ум се мле­ко­то (ако не е прем­но­гу пре­ра­бо­тено) и млеч­ни­те про­из­води, сар­ди­ните, зе­лен­чукот, јат­кас­ти­те пло­дови, ал­ги­те и су­ше­но­то овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот