За С. Македонија работата продолжува кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение, порача Брисел

Лидерите на земјите од ЕУ и Западен Балкан на самит во Брисел. 23 јуни 2022 г. / фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан. на Твитер напиша дека „На ЕУ ѝ треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ“.

Тој вели дека продолжува „силната поддршка за нова енергија на процесот на проширување“.

„За Северна Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение“, напиша Мишел.

Твитот на Мишел дојде откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европскиот совет, Мишел, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот