ЗА ПРВПАТ – Талибанците прифатија средба со авганистанските власти

Претставници на авганистанското општество, меѓу кои и на Владата во Кабул, и делегација на талибанските бунтовници денеска во катарскиот главен град Доха ќе започнат тридневни преговори посветени на изградба на мерки на доверба.

Авганистанската Влада во вторникот го објави составот на нејзината делегација која брои 250 члена, меѓу кои и владини претставници, истакнати авганистански политичари, поранешни џихадистички лидери и граѓански активисти. Од вкупниот број делегати 37 се жени.

Првата средба на авганистански политичари и талибанците се одржа во февруари во Москва, но на неа не присуствуваа претставници на Владата во Кабул.

Ова е првпат талибанците да прифатат средба со претставници на авганистанската Влада, која ја сметаат за американски марионетски режим и досега одбиваа да преговараат со неа.

Напоредно со овие разговори, талибанците од минатото лето одржаа шест средби со претставници на САД со цел да се најде политичко решение за 18-годишната војна во Авганистан. Следната рунда американско – талибански преговори е предвидена за крајот на април во Доха.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот