За Несторовски интерес има и од осумкратен шампион на Бразил

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

И натаму македонскиот репрезентативен напаѓач Илија Несторовски летово е во потрага по нов клуб, по разделбата со Удинезе.

Во текот на изминатиот се шпекулираше можна преселба во Тернана, но потоа следуваше пресврт наводно дека сепак Козенца е во „пол-позиција“ за потписот на нашиот играч. И Козенца и Тернана настапуваат сезонава во италијанската Серија Б.

Како што пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио, интерес за 33-годишниот Несторовски има и од Бразил.

Поранешниот фудбалер на Палермо би можел да ја продолжи кариерата во редовите на Сантос, осукратен шампион на Бразил.

Информациите велат дека и Асколи го посакува македонскиот напаѓач, уште еден клуб од Серија Б.

Во последните четири години како играч на Удинезе, во Серија А Несторовски постигна осум голови во 78 настапи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот