За карпошани од понеделник субвенции за нов велосипед или електричен тротинет

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Од понеделник Општина Карпош започнува акција за субвенционирање на граѓаните кои ќе купат нов велосипед и електричен тротинет. Ќе се надоместува до 30 отсто од цената и тоа најмногу до 3.000 денари за оние кои ќе се подноват со велосипед и до 5000 денари за купен тротинет.

Право на аплицирање за субвенциите имаат сите полнолетни жители на општина Карпош, кои ќе купат нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 21.03.2022 година. Притоа, жителите на Карпош кои веќе оствариле право на субвенција за оваа намена или пак добиле средства од Град Скопје за тековната година, немаат право да учествуваат на јавниот оглас – објаснуваат од Карпош.

Заинтересираните кои ќе аплицираат за субвенции треба, освен барање за субвенција, да поднесат изјава за согласност за обработка на лични податоци, лична карта и фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет, кој не треба да е купен порано од 21 март.

Акцијата ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства, а ќе се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот