За качување на Монт Еверест се чека со часови, мртвите тела се прескокнуваат

Фото: EPA/Balazs Mohai

Ед Дохринг, доктор од Аризона, цел живот сонувал да се качи на Монт Еверест, но кога се качил таму пред неколку дена, тој се шокирал од тоа што видел, пишува ЊуЈорк Тајмс.

Планинарите се туркаа меѓу себе за да направат селфи. На рамниот дел од врвот, кој според Дохринг е со големина на две маси за пинг-понг, имало 15 или 20 луѓе.

За да се качи до таму, морал да чека со часови во ред, гради в гради, на замрзнат, карпеста патека покрај која бездната е илјадници метри длабока.

Докторот Дохринг вели дека морал дури и да прерипне тело на жена која починала пред неколку моменти.

– Беше многу страшно, како во зоолошка – изјавил тој за ЊуЈорк Тајм во телефонски разговор.

Оваа година беше најсмртоносна во историјата на Еверест, со речиси 10 мртви, и најмалку неколку од нив би можеле да бидат избегнати.

Проблемот не беа лавините, виулиците и ветровите. Постарите планинари велат дека премногу луѓе се качуваат на планината и многу неискусни планинари си ја пробуваат среќата.

Туристичките компании на планината качуваат неискусни планинари кои претставуваат ризик за сите на планината. Непалската Влада, гладна за секој планинарски долар, издава дозволи за качување отколку што планината може да издржи, велат некои експерти.

Многу од жртвите на Монт Еверест се предизвикани од луѓе кои се заглавени во редици од по неколку стотина метри и не се во можност да се симнат брзо надолу за да ја наполнат својата боца за кислород.

Владата на Непал, која е позната по корупција, и покрај сите овие смртни случаи на планината и предупредувањата на експертите, за оваа година издаде рекордни 381 дозволи за искачување.

Пред неколку децении, луѓето кои го искачуваа Монт Еверест беа искусни планинари кои плаќаа многу пари за тоа искуство. Но, во последните години, ниско-буџетните оператори доведе до експанзија на планинари на планината. Ниско-буџетните туристички агенции воопшто не се занимаваат со безбедноста на своите клиенти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот