За француското месечно списание ГЕО, Македонија е „непозната земја на Балканот“

Скопје облачно
Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во својот мартовски број, француското месечно списание ГЕО објавува опширна репортажа за Северна Македонија, претставена како непозната земја на Балканот, јави дописникот на МИА.

– Со својата релјефна географија, оваа поранешна југословенска република, независна од пред триесет години, мораше да се бори пред да биде призната и да се стекне со име. Сега таа вложува во своето волшебно наследство за да го најде своето место во денешна Европа, стои во уводот на репортажата.

За неговите читатели да имаат мал преглед на убавините на Северна Македонија, месечникот ГЕО, преку видеозапис и серија фотографии на својата интернет страница им нуди мало, но детално претставување на земјата.

Истовремено во месечното печатено издание, поместена е на 14 страници статијата на Жил Провост и фотографиите на Гијом Хербо.

Репортажата е повик до франкофонските читатели на овој угледен месечник да патуваат во Македонија, започнувајќи „од бреговите на Охрид, каде има констелација од цркви и манастири, каде Византија е зад секоја врата, преку откривање на планините, кои ја прават земјата една од највисоките во Европа, барокниот кич и статуите во Скопје кои се во контраст со спокојните и убави пејсажи, посетата на Шарената џамија во Тетово, спомениците од нејзината 2400 годишна историја преполна со настани, мозаик на народи и вери, накратко концентрација на култури“, се резимира во претставувањето на Северна Македонија во франкофонското издание на списанието ГЕО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот