За дивоизграден бар на плажа во Миконос казна од 33 милиони евра!

Фото: greekcitytimes.com

За разлика од Бугарија, во Грција не се шегуваат со катастрофите на морскиот брег и не замижуваат, туку жестоко ги казнуваат прекршителите. Огромна казна за дивоградба доби бар на плажа на островот Миконос, јавуваат грчките медиуми.

Казната е рекордно висока – 33 милиони евра. Санкцијата се состои од два дела – 22,5 милиони евра поради изградба на објекти на неовластено место плус уште 11 милиони евра за секоја година од нивното работење. Покрај тоа што ќе треба да ја плати рекордната казна, сопственикот ќе мора да ги отстрани и дивите предмети кои се наоѓаат на површина над 500 квадратни метри – според протоколот за наоѓање. Веќе има наредба за нивно рушење.

Истиот е издаден по извршени инспекции на Министерството за животна средина. Сопственикот има право на жалба на решението за уривање во рок од 10 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот